Јилдирим: Ситуацијата во Турција целосно е под контрола

Тој упати апел до граѓаните вечер да излезат на плоштадите ширум земјата.
Тој истакна дека одговорна за обидот за воен удар е паралелна структура во турската армија и оти народот го дал најдобиот одговор на „терористите“.
Јилдирим посочи дека обидот за воен удар е „црна дамка“ за турската демократија. Според него припадници на воената авијација, на воената полиција и на оклопните единици учествувале во воениот удар.
Претходно, вршителот на должност началник на Генералштабот на турската армија генерал Јумит Дјундар изјави дека војската е одлучна да ги отстрани членовите на „паралелната структура“ од своите редови.
Анадолија јави дека на поранешниот командант на воената авијација генерал Акин Озтурк и комнандантот на Одделението за поддршка и обика на Вооружените сили генерал Метин Ијидил ќе им се суди за велепредавство.
Турското обвинителство веќе покренало процедура против Акин и Ијидил поради велепредавство, предводење на воениот удар и негова реализација.
Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика граѓаните да останат на улица и предупреди од можност од нов обид армијата да ја преземе власта.
- Нов обид од воен удар може да се случи секој момент, треба да ја задржиме контролата над улиците, напиша Ердоган на Твитер.
Ново на Сител
-

Двајца Косовари со „голф“ во Скопје превезувале 230.000 фалсификувани евра | ВИДЕО
-

ЦУК: Регистрирани 22 пожари на отворен простор, од кои сите се изгаснати
-

Сестрата на Ким Џонг Ун и се закани на Јапонија, рече дека ќе зажалат
-

Голем руски ракетен напад врз Киев, најмалку 14 лица загинаа, а 22 се повредени
-

Сончево и многу топло
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
