Јилдирим: Турција нема да седи со скрстени раце во Ирак
Турција е подготвена да преземе мерки во Ирак бидејќи не е задоволна од ветувањата на Вашингтон и на Багдад дека курдските екстремисти и шиитски милиции нема да учествуваат во борбите кои се водат за Мосул, изјави синоќа турскиот премиер Бинали Јулдирим.
Тој додаде дека Турција не може да седи со скрстени раце поради ситуацијата во Ирак, со оглед дека со таа земја има граница долга 350 километри.
- Турција никогаш не може да седи со скрстени раце пред масакрите, потенцијалните бранови бегалци и судирите долж својата граница и ако е неопходно ќе преземе акција. Ние ги извршивме сите подготовки за да преземеме наши мерки бидејќи нас до сега не не задоволија ветувањата дадени од САД и Ирак дека Курдската работничка партија (ПКК) и шиитските милиции нема да бидат дел од операцијата, посочи Јилдирим.
Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади на вчерашната средбата со американскиот секретар за одбрана Ештон Картер повторно одби Турција да учествува во офанзивата за ослободување на Мосул од Исламска држава.
Ново на Сител
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија