-->
-->
Јилдирим: Завршија антитерористичките операции во југоисточниот дел на Турција
-->

Антитерористичките операции во југоисточниот дел на Турција завршија и властите се подготвени да почнат со обновување на регионот, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим.
- Операциите завршија и сега влегуваме во втора етапа - обновување. Сите разурнати реони ќе бидат обновени уште подобро. Ние преземаме мерки за да можат младите да живеат таму подобро, отколку во планините меѓу терористите, истакна Јилдирим.
Тој нагласи дека во југоисточниот дел на Анадолија ќе бидат изградени нови фабрики и ќе се развива приватниот сектор, чии производи ќе ги купува државата.
Активните оперции на безбедносните сили против членовите на Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточниот дел на Турција започнаа минатото лето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
