Јоханис: Корисна министерска средба од т.н. „Букурешки формат“

Денешната министерска средба од таканаречениот Букурешки формат во Букурешт, романскиот претседател Клаус Јоханис ја оцени како корисен настан што се одржува во важен момент, кога НАТО е во процес на примена на одлуката од средбата во Варшава, пренесе агенцијата Аџерпрес.
Шефот на романската држава во претседателската палата Котрочени ги прими министрите за надворешни работи на деветте сојузнички земји од источното крило на НАТО - Бугарија, Чешка, Естонија, Литванија, Летонија, Полска, Романија, Словачка и Унгарија, кои во романската престолнина пристигнаа за да учествуваат на министерската средба од Букурешкиот формат. Овој формат беше утврден на средбата на шефовите на држави и влади на 4 ноември 2015 година, токму на иницијатива на романскиот претседател Клаус Јоханис и неговиот полски колега Анджеј Дуда.
- Ова е корисна средба, што се оддржува во еден важен момент за евроатлантската врска, која останува суштествена за европската безбедност и за безбедноста на регионот. Земјите сојузнички од двете страни на Атлантикот треба да продолжат да инвестираат во нејзиното зацрвстување. Тоа е важен момент и за НАТО како организација. Алијансата е во целосен процес на примена на амбициозните одлуки од Варшава во еден сложен контекст од безбедноста гледна точка, што продолжува да биде одбележен од недостигот на напредок во решавањето на жариштата на кризата, но и на новите тензии, посочи Јоханис по средбата со министрите.
Тој забележа дека, согласно лани прифатената декларација, земјите од Букурешкиот формат имаат специјална одговорност по однос на безбедноста и стабилноста во регионите на Балтичко и Црно Море.
-Се надевам дека денешните дискусии на министрите ќе придонесат за успешно реализирање на овие одговорности, посочи Јоханис.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
