Јолевски во еднодневна посета на Полска
Делегација на македонското Министерство за одбрана предводена од министерот Зоран Јолевски денеска ќе престојува во Полска.
За време на еднодневниот престој, Јолевски ќе се сретне со полскиот министер за национална одбрана Томаш Шимоњак, а ќе ја посети и 23. Егзибиција на одбранбената индустрија во Киелце, Полска.
Македонија и Полска имаат одлична одбранбена соработка, која се карактеризира со континуирани средби на високо ниво. Двете земји потпишуваат и годишни билатерални планови за соработка со активности со висок степен на реализација.
Дел од соработката помеѓу двете земји е учеството на питомци од Полска на меѓународниот Летен кампус во Република Македонија, како и интензивната соработка помеѓу Воената академија и Националниот универзитет одбрана во Полска.
Република Полска целосно ја поддржува Република Македонија на патот кон полноправно членство во НАТО-алијансата. Министерот Шимоњак во повеќе наврати има истакнато дека Македонија ги исполни сите критериуми и дека заслужува да биде дел од НАТО.
- Од позиција на министер за одбрана, можам да кажам дека Македонија е најдобро тестираниот партнер на НАТО. Тоа е само една од многуте причини заради кои треба да имаме специјална перспектива кон Македонија, изјави министерот Шимоњак на неодамнешниот Глобален самит во Вроцлав.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите