Македонија
23. January 2017 - 9:48

Јолевски во работна посета на САД

Министерот за одбрана Зоран Јолевски од денеска е во работна посета на Соединетите Американски Држави.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Јолевски ќе учествува на форумот „Глобалниот тероризам и сајбер-заканите“, чиј домаќин ќе биде сенаторот Џим Ајнхоф.

Во рамките на работната посета министерот Јолевски ќе оствари билатерални средби со претставници на администрацијата на САД, конгресмени, сенатори, меѓу кои и Тед Круз, како и со претставници на влијателни тинк-тенк заедници во Вашингтон ДЦ.