Македонија
6. April 2017 - 8:22

Јолевски во Рим на конференција за балканската соработка и безбедност

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска и утре во Рим ќе учествува на конференција на високо ниво организирана од Фондацијата на НАТО - одбранбениот колеџ во соработка со Одбранбениот колеџ и Централноевропската иницијатива.

Конференцијата е насловена „Балканските мрежи и стабилноста - поврзување на соработката и човековата безбедност“, а на неа е најавено присуство на претставници од Одбранбениот колеџ на НАТО, институции и тинк - тенк заедници од регионот и Европа.

Министерот Јолевски, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе претседава со сесијата „Патот до интеграцијата.