Јолевски:Приемот на Македонија во НАТО ќе ја зајакне безбедноста и стабилноста на Европа
Министерот за одбрана Зоран Јолевски вчера во Вашингтон оствари средби во Сенатот и во Пентагон со Сенаторот Роџер Викер и со заменик помошникот на секретарот за одбрана, Лаура Грос, соопшти денеска Министерството за одбрана.
На средбите министерот Јолевски посочил дека интеграција на Република Македонија во НАТО, ќе значи побезбеден регион, побезбедна Европа и посилна Алијанса.
Според Јолевски, светот е соочен со глобална закана и токму затоа потребно е да се размислува стратегиски. Во тој контекст потенцирал за потребата од одржување и осигурување на стабилноста на Балканот и пошироко.
- Затоа е потребно што поскоро Македонија и Црна Гора да бидат поканети во НАТО, а Босна и Херцеговина да започне со МАП процесот. Сега е најпотребно заеднички да се настапи во поглед на безбедноста на граѓаните, истакнал министерот Јолевски.
Министерот Јолевски на средбите нагласил дека Македонија интензивно работи на реформите, кои се бенефит за граѓаните но истовремено и реформи кои придонесуваат за членство во НАТО. Се осврнал и на мигрантската криза во Европа, каде Македонија е дел од трасата на овие лица.
Од страна на сенаторот Викер и на заменик помошникот на секретарот за одбрана Грос, како што стои во соопштението, била искажана благодарност за придонесот на Македонија во мисиите на НАТО за поддршка на мирот и безбедноста. Тие, се подвлекува во соопштението, се согласилеа со констатацијата на министерот Јолевски за потребата од интегрирање на Македонија и на регионот во НАТО алијансата. Грос ги поздравил и плановите на Република Македонија за модернизација на Армијата.
На средбата со сенаторот Викер, бил и поранешниот претседател на Генералното собрание на ОН и сегашен кандидат за Генерален секретар на Обединетите нации, Сраѓан Керим, кој додал дека членството на Македонија во НАТО е поддржано од сите партии и од граѓаните на Република Македонија.
Во текот на денешниот ден министерот Јолевски ќе има средби со повеќе сенатори и конгресмени. Инаку, стои во соопштението, вечерва во театарот Гринберг ќе се одржи концерт на нашиот и светски познат гитарист, Влатко Стефановски, кој е во организација на Министерството за одбрана, а е насловен „Благодарност на Македонија кон граѓаните на Соединетите Американски Држави". Концертот се одржува пред големиот американски празник, Денот на благодарноста.
Ново на Сител
-
Противниците на Трамп подготвени за масовни протести низ САД
-
Уапсен 26-годишен неготинец, украл возило и под дејство на алкохол и без возачка дозвола скршил рампи на наплатни станици на автопат
-
Началниците на генералштабовите на Франција и Британија се сретнаа со Зеленски во Киев
-
МВР со апел да не се наседнува на измами со лажни сообраќајки, да се пријават во полиција
-
Претреси во струмичко, пронајдена дрога | ФОТО
-
Познати сите екипи кои се пласираа во следната рунда од Евролигата
-
Милер го напушта Баерн по 25 години минати во клубот
-
Мицкоски на ПС НАТО: Да се размисли за механизми со што нема да се дозволи билатералните спорови да бидат пречка во остварувањето на колективната цел