-->
-->
Јотовски без проблеми на стартот од фјучрсот во Тунис
-->
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски без поголеми проблеми со само три загубени гема триумфираше во 1.коло од фјучрсот што се игра во Хамамет, Тунис. Тој го победи домашниот тенисер Јусеф Дабаби за 54.минути игра со 6-2 и 6-1 во сетови. Ова за Јотовски е прв меч по паузата поради повредата на раката.
- Добро е што победив. Имам боли=ки во раката, која уште не е излечена, ама болката е издржлива, ни изјави по мечот Јотовски. Тој настапува на овој турнир и покрај повредата со цел подготвен да ги дочека мечевите од Дејвис купот што Македонија ќе ги игра од 5-8.април во Созопол, Бугарија.
Негов следен ривал му е осмиот носител Николас Сантош од Бразил, кој по голема борба денеска го победи Матеј Марушчак од Словачка со 2:1 во сетови (6-1; 5-7; 6-2).
Јотовски на турнирот ќе настапи и во конкуренција на двојки со Сантијаго Марсека од Уругвај.
На овој фјучрс утре во 1.коло ќе игра и македонскиот тенисер Шендрит Деари, кој немаше среќа со ждребот и за противник го има седмиот носител Пол Толедо од Шпанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра