-->
-->
Јотовски елиминиран во четвртфиналето
-->
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски загуби денеска во четвртфиналето на фјучрсот што се игра во грузискиот грда Телави. Поуспешен од Јотовски беше Гиљермо Оласо од Шпанија.
Мечот Оласо го доби со 2-0 во сетови, 7:5 во гемови во првиот сет и 6:1 во гемови во вториот сет. Оласо од квалификациите успеа да се избори за настап на главниот турнир, но тој е тенисер што пред три години бил на 167.место на АТП листата, а ова за него е враќање на тениските терени по долга пауза.
Јотовски за пласманот во четвртфиналето ќе добие два поена, а воедно ќе го продолжи претстојот во Грузија бидејќи е пријавен за настап и на другите два фјучрс турнири.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден