-->
-->
Јотовски и Србљак дел од фјучрсот во Ровињ
-->
Двајца македонски тенисери Томислав Јотовски и Горазд Србљак се дел од учесниците на фјучрс турнирот во хрватскиот град Ровињ. Јотовски на главниот турнир влезе како последен играч и во првото коло ќе игра против Бруно Сант Ана од Бразил, кој се наоѓа на 457.место.
За разлика од Јотовски, Србљак настапот го заврши во второто коло од квалификациите. Тој загуби од Бугаринот Александар Лазаров со 2-1 во сетови (6:7(1-7); 6:3 и 6:1).
Двајцата македонски тенисери немаа многу среќа во ждрепката во игра на двојки каде ќе играат против браќата Иван и Матеј Шабанов од Хрватска, кои се рангирани како први носители.
Настап на фјучрс турнир во квалификациите во текот на викендот имаше и Бесир Дургути, кој загуби во 2.коло од Јаков Јохансон - Холм од Шведска со 2:0 во сетови (6:3 и 6:2).
На денеска објавената АТП листа нашите тенисери имаат скок:
547.место Јотовски (скок 1 место) - 57 поени
1.425.место Димитар Грабул (3.места) - 2 поена
1.580.место Србљак (2.места) - 2 поена
1.815.место Бесир Дургути (4.места) - 1 поен
1.870.место Стефан Мицов (3.места) - 1 поен
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници