Јован Јаулески: Над 80 отсто од младите сакаат да ја напуштат државата
![]()
Младите се срамат од Заев и малата тесна клика која го брани.
Зоран Заев е синоним на антиевропски вредности. Нема аспект од општеството кое власта на Заев не успеа да го урниса и поради кое младите чувствуваат потреба да ја напуштат државата. Владеењето на правото го претворија во самоволие на власта.
Правдата ја направија достапна само за оној кој има конекции со власта.
Здравството го претворија во луксуз само за тие кои имаат пари, а такви се се помалку.
Образованието се обезвреднува, а училиштата се претвораат во места за насилство и неморал.
Пораката која што власта на Заев им ја дава на младите е дека рекетот, криминалот и корупцијата се единствениот успешен бизнис кој може да го направат во Македонија.
Првата асоцијација која Заев им ја дава на младите кога ќе спомне Европа е принципот Евро за Вицето.
Тоа само уште неколку послушници на Заев од редовите на СДММ го глорифицираат, затоа што се одлепени од реалноста која ја живеат младите. Тие се гордеат со тоа од кое чесното членство на СДСМ, како и мноштвото граѓани во Македонија се срамат.
Функциите и дебелите хонорари на дежурните адвокати на Заев ги заслепиле и не гледаат дека над 80% од младите сакаат да ја напуштат државата, дека студираат за да заминат во странство, дека имаме огромна невработеност кај младите од 47%, а 140 илјади млади се сиромашни.
Тоа се поразителните факти кои СДСМ и СДММ нема никогаш да ги признаат и поради кои младите се иселуваат од родната земја за да дојдат до Европа и подобар живот.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
