Јовановски останува во притвор уште осум дена

Основниот Кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Јавното обвинителство за сопругот на починатата Ивана Јовановски и му го продолжи притворот за уште осум дена за истите основи – опасност од бегство и повторување на делото.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за Јовановски, за кого постои основано сомнение дека сторило кривични дела: наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, телесна повреда и загрозување на сигурноста.
-Од кривичната пријава како и од дополнително прибавените докази, произлегува дека во периодот од 2019 година па се до 2 март кога оштетената – сега починатата Ивана Јовановски, донела одлука да си го одземе животот, осомничениот, нејзин сопруг со кој била во бракоразводна постапка, во повеќе наврати и во континуитет физички и психички ја малтретирал, постојано ја навредувал, ја тепал, ја понижувал и и нанесувал видливи повреди по целото тело. Овие настани сега починатата, но и очевидци и други сведоци ги пријавувале во надлежните институции. Ваквото сурово и нечовечно постапување од страна на пријавениот како нејзин сопруг се интензивирале во текот на 2025 и 2026 година, поради што сега починатата се нашла во безизлезна состојба и се одлучила на самоубиство, го зела во рацете детето и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој што живееле, по што двете паднале на бетонската подлога пред зградата и починале на лице место, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
На критичниот ден, како што посочуваат од ЈО, претходеле неколку настани, а осомничениот најпрво се заканувал и започнал да ја удира оштетената во близина на нејзиното работно место. Потоа, додека со автомобил управуван од трето лице се возеле кон Основниот кривичен суд Скопје, продолжил да и се заканува дека ќе ја убие со што предизвикал кај неа чувство на страв и несигурност. Во близина на судот физички ја нападнал и и нанел телесни повреди – хематоми по главата и телото.
-Откако од училиште ја зеле 6-годишната ќерка, сведокот ги однел до домот за оштетената да се спакува и да ја носи кај мајка и. Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, оштетената се заклучила во станот со детето и од таму го извршила самоубиството, се наведува во соопштението.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, на кого врз основа на обезбедените докази до овој момент му се ставаат на товар неколку дела кои се гонат во скратена постапка. Обвинителството продолжува да прибира докази за овој комплексен настан, па поради опасноста од бегство на осомничениот, можноста за влијание врз сведоци и вештаци и веројатноста тој повторно да врши кривични дела, надлежниот јавен обвинител оценува дека притворската мерка е неопходна за негово обезбедување во текот на постапката.
МИА
Ново на Сител
-

Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
-

Променливо облачно и нестабилна на места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во деновите од продолжениот викенд
-

Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, клучен приоритет - енергетската стабилност
-

Рибарски: Голем број станови изградени пред 2000 година се запишани со помала квадратура во Катастарот
-

Италијанскиот фудбалски гигант Милан ќе одржи камп во Скопје
-

Сиљановска-Давкова: Не сакам да ја коментирам квалификацијата шпионска афера, треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка
