Јовески: Се прибираат докази за несреќата кај Ласкарци
Обвинителството не може конкретно во овој момент да ја посочи одговорноста на лице за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, се прибираат докази и во оној момент кога ќе ги обезбедат вештачењата и сообраќајното и техничкото ќе донесе соодветна обвинителска одлука, информираше државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешната заедничка прес-конференција со обвинителката Вилма Русковска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на која информираа за петте осомничени организатори на настаните од 27-ми април во Собранието.
На новинарско прашање до која фаза е истрагата за сообраќајната несреќата Ласкарци и дали се разгледуваат пријавите поденсени од МВР за ширење говор на омраза, Јовески уште еднаш повтори дека во овој момент обивнителството нема податоци кој е одговорен за сообраќајната несреќа.
– Во моментот се вршат вештачења во делот на тој предмет и откако обвинителството ќе ги обезбеди овие докази, а во исто време веќе се повикуаат сведоци, ќе може поконкретно да соопшти за причините и евентуалната кривична одговорност на сторителот или сторителите на кривичното дело, рече Јовески.
Додаде дека се обезбедени дел од материјалите што ги барало ОЈО од превозникот „Дурмо турс“, а возачот е еднаш сослушан, но тоа, подвлече, не значи дека не може уште еднаш да биде сослушан.
Обвинителството активно го следи и постапува и по пријавите од МВР и целиот тој настан во делот на говор наомраза.
Во врска со ингормациите дека на возачот и на неговото семјство му се заканувале по живот, државниот обвинител Јовески апелира да се почитува начелото презумпција на невиност.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален