ЈП Дрисла поднесе кривични пријави против лица кои објавуваат „дезинформации со фалсификувани фотографии“

Јавното претпријатие депонија Дрисла соопшти дека поднело кривични пријави за објавувањето на фотографии на социјалните мрежи и дел од порталите за коишто од депонијата тврдат дека тие не се од Дрисла.
- ЈП депонија Дрисла најостро ги демантира лагите објавени на социјалните мрежи и дел од порталите за несоодветно третирање на медицински отпад дополнето со скандалозни фотографии кои не се од депонијата Дрисла. Против лицата кои шират лаги и кои објавуваат дезинформации со фалсификувани фотографии, кои сеат страв и паника без докази, од страна на претпријатието ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, велат од депонијата.
Во соопштението се вели дека Дрисла не произведува отпад, додека медицински отпад од клинички центар се доставува со специјални возила во посебна постапка. -Медицински отпад не се складира ниту се остава на отворено, туку истиот ден се внесува во автоклав каде се третира. До него имаат пристап исклучиво обучени вработени од претпријатието, а со тоа што не се остава на отворено немаат до истиот пристап кучиња или други животни, се наведува во соопштението.
Претпријтието апелира правото и слобода на говорот, правото за јавно собирање и протест да не се злоупотребува како инструмент на политички и лични интереси и за свесно ширење на лаги и дезинформации.
-Користење на животната средина и здравјето на луѓето како адут за остварување на сопствени политички цели на политички опции кои во ова гледаат единствен начин да покренат поширока маса луѓе, и со лаги да го поткопаат и деградираат законското работење на претпријатието е неприфатливо, се наведува во соопштението.
Тие исто така ги повикуваат Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство детално да ги истражат овие сериозни дела кои ги доведуваат во заблуда и шират паника меѓу граѓаните, со цел конечно да се стави крај на ваквите манипулации кои се ставаат во функција на политиката.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: До април 40 нови камиони за „Комунална хигиена“, до првата половина на годината нови автобуси
-

Уапсен полициски службеник за сторено кривично дело „изнуда“, барал 20.000 евра од оштетеното лице
-

Зеленски ќе разговара со Трамп за територијалните прашања
-

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол
-

Костадиновски: Бадентерот е корисен и здрав механизам, но само во политички орган, секаде на друго место создава аномалии
-

Собранието усвои неколку закони
-

Алиу: Големи предизвици во 2025 година во здравствениот систем, во тек се повеќе проекти, а ќе се спроведат и нови во 2026 година
-

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
