ЈП Македонија пат: Сите патни правци во државата се проодни

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни.
Како што информираат од ЈП Македонијапат на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
Од јавното претпријатие апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Од Автомото сојузот на Македонија, пак, соопштија дека ГП Евзони (Богородица) е отворен за секаков вид сообраќај од 23:10 часот.
Од АМСМ додаваат дека на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до денеска до 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
МИА
Ново на Сител
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
-

Преглед на вестите од светот
