ЈП Македонијапат: Состојбата ја следиме будно
Поради обилните врнежи од дожд и надојдената вода, во прекин е сообраќајот по обиколница Скопје, од клучка Хиподром до клучка Сарај. Прекинот ќе трае до завршување на активностите околу расчистувањето и оспособувањето на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот, соопшти Диспечерски-информативен центар на ЈП Македонијапат.
Јавното претпријатие наведува дека негови екипи се постојано на терен со комплетна механизација (возила и градежни машини) и работат на оспособување на сите проблематични делници, а во некои случаи даваат помош и на некои локални самоуправи каде што имаат потреба од механизација, како што е патниот правец Шипковица – Бродец.
- ЈП Македонијапат ја следи состојбата будно, реагира експресно на сите поставени задачи, а граѓаните можат да се обратат кај нас за подетални информации на нашиот дежурен тел. број 02/ 25 61 502 или да ја посетат нашата веб-страница www.makedonijapat.com.mk која се ажурира на секои два часа, информира претпријатието.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Автомотосојузот на Македонија, пак, вечерва информираше дека освен на обиколница од клучка Хиподром до клучка Сарај каде што е во прекин, сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Ново на Сител
-
Чудотворната икона „Пресвета Богородица Троерачица“ донесена во Скопје
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Чудотворната икона Пресвета Богородица Троерачица донесена во Скопје
-
Модуларни болници прокиснуваат, скапи апарати со години неотпакувани!
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палчо случајот е политичка наредба
-
Апелација ја укина пресудата против Зекири
-
Се намалуваат цените на над 70 производи, Владата ја усвои есенската кошничка