-->
-->
Јунајтед го сака Бејл
-->
Манчестер Јунајтед подготвил 75 милиони фунти за трансфер на Герет Бејл од Реал Мадрид, тврди Daily Mail. Според истиот извор, Велшанецот не бил задоволен што тренерот Бенитез добил отказ и поради тоа сака да го напушти Мадрид.
Интерес за Бејл покажуваат уште две екипи од Премиерлигата, Челзи и Манчестер Сити, но наводно тој би сакал да оди во Јунајтед бидејќи таму би соработувал со својот сонародник Рајан Гигс.
Овој 26-годишен фудбалер во јуни 2013 година пристигна во Реал од редовите на Тотенхем за рекорден трансфер од 86 милиони фунти.
Со Реал ги има освоени титулите во Лигата на шампионите, шпанскиот Куп, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш