Јунајтед со последна понуда за Санчо
Манчестер Јунајтед ќе даде последна понуда преку овој преоден рок за нивната голема цел Џејден Санчо следната недела.
Според „Мирор“, понудата ќе изнесува 75 милиони фунти плус дополнителни 15 милиони во форма на бонуси. Потпретседателот на „црвените ѓаволи“, Ед Вудворд, ќе ја извести Борусија (Дортмунд) дека нема да преговара повеќе за структурата на плаќањето и германскиот клуб мора да одлучи дали ќе ја прифати оваа понуда, бидејќи нема да има друга до 5 октомври, кога ќе се затвори прозорецот.
Борусија (Дортмунд) сака 108 милиони фунти и веќе три месеци не се откажува од оваа цена. Сепак, од „Олд Трафорд“ сметаат дека најновата понуда може да се прифати затоа што тие веруваат дека предлогот е доволно дарежлив во контекст на кризата предизвикана од пандемијата.
Самиот играч веќе има принципиелен договор со Јунајтед за неговите услови. Англискиот репрезентативец ќе добива околу 175.000 фунти неделно.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари