-->
-->
Јуниорите поразени и од Словачка
-->
Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчпи до 18 години доживеа нов пораз на Европското првенство Б дивизија што се одржува во Австрија. Денеска Македонија загуби од Словачка со 79:69 (12:18; 29:15; 21:19 и 17:17).
Избраниците на селекторот Саша Димитријевиќ одиграа добра прва четвртина и имаа водство од шест поени, кое во 12 минута беше и највисоко за Македонија од +9 (21:12), но тоа беше се бидејќи ривалот вториот период го доби со 29:15, а во 26.минута водеше и со 57:38 (+19).
Кај Македонија Ранко Мамузиќ со 23 поени беше најефикасен.
Нашата репрезентација ќе разигрува за пласман од 21 до 24.место. Во зависност од исходот од вториот дуел од нашата група меѓи Шкотска и Ирска, ќе се пласираме на третото или четвртото место во групата и тоа значи дека по утрешниот слободен ден во натпреварите за пласман и да се избегне последното место ќе играме против Албанија или Луксембург.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови владини одлуки
-
Тема на денот со Бојан Кордалов
-
За една недела 4 починати од Ковид – Вакцини се уште нема
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд
-
Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков
-
Откажана утрешната средба на историската комисија со Бугарија