-->
-->
Јуниорите заминаа на СП во Алжир
-->
ладата македонска репрезентација отпатува за Алжир каде од вторник до 30 јули ќе учествува на младинскиот Мундијал.
Македонија во Алжир третпат во својата историја ќе биде учесник на младинското Светско првенство, на претходните две учества во 1997 беше освоено 15., а во 2007 година 10. место.
На Мундијалот во Алжир, Македонија партиципира во Ц групата каде уште се и националните тимови на Русија, Шпанија, Тунис, Бразил и Брукина Фасо. Првопласираните четири репрезентации од групата продолжуваат во осминафиналната елиминациска фаза.
Настапите на СП македонските надежи ќе ги отворат утре, во 15 часот, а противник ќе им биде Русија. Потоа за македонските ракометари следуваат дуелите со Буркина Фасо (20 јули, 21 часот), Тунис (21 јули, 19 часот), Шпанија (23 јули, 19 часот) и Бразил (24 јули, 19 часот).
Светско младинско првенство, Алжир (18-30.07.2017):
Група А: Германија, Норвешка, Фарски Острови, Унгарија, Јужна Кореја, Чиле
Група Б: Франција, Данска, Катар, Египет, Словенија, Шведска
Група Ц: Шпанија, Тунис, Македонија, Бразил, Буркина Фасо, Русија
Група Д: Исланд, Хрвтска, Алжир, Саудиска Арабија, Арентина, Мароко
Македонија на СП од клупата ќе ја предводи селекторот Илија Темелковски, кој во Алжир на располагање ќе има 16 играчи:
Голмани: Томовски (Металург), Данаиловски (Пелистер).
Крила: Јагуриновски (Еурофарм), Палевски (Металург), Шилегов (Металург)
Пикери: Лазаревски (Металург), Арсеновски (Металург)
Бекови: Талески (Рајн Некар), Кузмановски (Металург), Нелоски (Металург), Крстевски (Металург), Велковски (Металург), Џонов (Пролет), Петревски (Еурофарм), Танкоски (Металург), Димитриоски (Металург).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници