Јункер: Нема краен рок за почеток на преговорите за Брегзит
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави денеска во интервју за Франс 2 дека нема краен рок за Велика Британија да ги почне преговорите за излез од Европската унија.
Новиот британски премиер Тереза Меј му посочи на Јункер претходно овој месец дека Велика Британија се надева на позитивни преговори во ЕУ по референдумот од 23 јуни за напуштање на Унијата, но дека Лондон има потреба од време за да ги подготви преговорите.
Претседателот на ЕК нагласи дека нема кран рок, бидејќи членот 50 од Лисабонскиот договор, со кој е уредена процедурата за напуштање на Унијата може да биде активиран единствено од Велика Британија.
- Би сакал Обединетото Кралство да ни достави барање за оставка, доколку можам така да се изразам, што е можно поскоро, бидејќи мислев дека Британците, особено тие, кои сакаат да ја напуштат ЕУ се подготвиле за таква можност, рече Јункер.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз