Јункер: Во ЕУ има премногу од оние кои само повремено се Европејци
Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер изјави денеска во Рим дека во рамките на ЕУ има премногу од оние кои само повремено дејствуваат како Европејци и како да се дел од Унијата.
Јункер предупреди дека меѓу 28-те земји членки, отсуствува кохерентната визија за Европа, за која вели дека се поткопува со сопствените, национални интереси.
- Целосно исчезна некогашната, стара определба за делење на заедничката политика, која и помогна за создавањето на ЕУ, рече Јункер, зборувајќи на конференцијата во Рим за состојбите во Унијата.
Според неговото мислење, целосни Европејци има само кога треба нешто да се добие од ЕУ, но тие исчезнуваат кога треба нешто да се даде.
Изјавата на претседателот на Европската Комисија доѓа во време на сериозна мигрантска криза со која се соочува Европа, а посебно ЕУ и со ситуација во која четири земји-членки, европскиот Исток, одбиваат да прифатат квота за разместување на бегалците на територијата на ЕУ.
Станува збор за Полска, Чешка, Словачка и Унгарија кои ваквата политика ја објаснуваат со неможноста на мигрантите да се вклопат во нивните општества, а посебно на оние од исламска вероисповест.
Претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, на дебатата во Рим не ги спомена директно овие четири земји, но рече дека станува збор за оние кои користат многу од развојните фондови на Унијата, а во тоа се поддржувани од сите други земји.
Шулц ги обвини политички лидери од некои земји на Унијата, кои доаѓаат во Брисел и зборуваат дека дошле за да ги бранат интересите на своите држави, целосно потиснувајќи ги општите интереси.
Во дебатаа учествуваше и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск кој рече дека нема никаква основа да се турка идејата за ЕУ како „единствена држава“ што тој ја нарече „илузија“ залагајќи се за политичко заедништво на сите во ЕУ.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија