„Јутарњи лист“: Хрватска враќа 2.000 пензионирани полицајци
Хрватска првпат по војната ќе врати во служба 2.000 пензионирани полицајци поради мигрантите и потребата од зголемен надзор на државната граница.
Иницијативата ја покрена Министерството за внатрешни работи пред се поради повеќегодишната мигрантска криза и потребата од зајакнат надзор на државните граници, пишува загрепскиот весник „Јутарњи лист“. Иако станува збор за полицајци во пензија, се наведува дека тие и понатаму се во одлична психофизичка форма, стои во владината уредба која е ставена на јавна расправа.
Според тој предлог, хрватското МВР има право да го зголеми бројно полицискиот состав за 10 отсто, а бидејќи моментно има 18.291, тоа значи дека можат да се вработат уште 1.829 припадници на резервните полициски сили.
Во владината уредба, меѓу другото, е наведено и дека Хрватска во првата половина на следната година ќе претседава со Советот на Европа, поради што, исто така, ќе биде потребно ангажирање на поголем број полициски сили поради обезбедување и заштита на лица и објекти.
Ново на Сител
-
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери на СДСМ
-
Не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Дали членовите на Судски совет ќе си поднесат оставка ако им биде изгласана недоверба?
-
Измените на Кривичниот законик пред Уставен
-
Општините повторно може да аплицираат за пари од државата за инфраструктурни проекти
-
За поголема безбедност во сообраќајот, Штип го имплементира проектот “Save city”
-
Тренд на интелектуална миграција