-->
-->
Јуве го „пикира“ Бернардески
-->
Италијанскиот репрезентативец Федерико Бернардески кариерата ќе ја продолжи во Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми. Според истите извори, крилниот напаѓач на Фиорентина одбил да го продолжи договорот со клубот и наводно веќе се договорил со Јувентус.
Медиумите пишуваат дека Бернардески имал понуди од Интер, Челзи и Баерн, но решил да ја прифати понудата на Јувентус.
Тој треба да потпише петгодишен договор, за годишна плата од четири милиони евра, додека Фиорентина од неговиот трансфер ќе заработи 40 милиони евра, плус десет милиони низ дополнителни бонуси.
Во трансферот Јувентус ќе вклучи и некој од своите фудбалери, Стефано Стураро или Томас Ринкон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток
-
Почнуваат велигденските празнувања