Јужнокореец условно осуден на затвор, намерно се здебелил за да избегне служење војска
Маж од Јужна Кореја е осуден на условна затворска казна од една година, бидејќи намерно се здебелил повеќе од 20 килограми, за да избегне воена служба, соопшти денеска Судот во Сеул.
Според судската одлука, и пријател на осудениот добил условна казна од една година затвор затоа што му помогнал да избегне воена служба. Во 2017 година оној кој требало да служи војска, тежел 83 килограми, но по советот на неговиот пријател дека може да ја избегне воената служба доколку има вишок килограми, тој го удвоил дневниот внес на храна, сосредоточувајќи се на висококалорични прехранбени производи. Според тамошните медиуми, и двајцата се на возраст од 26 години.
На три прегледи од 2022 до 2023 година тој тежел од 102 до 105 килограми, поради што тој требало да одработи само цивилна воена служба.
Инаку, од Јужнокорејците – мажи на воена возраст, се бара да отслужат воен рок од 18 до 21 месец, со тоа што лицата со здравствени проблеми, служат цивилна воена служба во установи како што се центрите за социјална помош. Мажите со сериозни здравствени проблеми се ослободени од воени должности.
Во Јужна Кореја годишно се забележуваат околу 50 до 60 случаи на избегнување воена служба.
Ново на Сител
-
570 возачи казнети во Скопје: 150 за брзо возење, 22 без возачка, 4 возеле со забрана
-
Ѓорѓиевски: Ако станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во првиот круг
-
Балтичките земји се исклучуваат од руската електро-мрежа
-
Хамас ослободи уште тројца заложници, се очекува пуштање на 183 Палестинци од израелски затвори
-
Давал пари на заем и наплатувал несразмерна камата, уапсен лихвар во Битола
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав