Кабинет на Иванов:Комисијата за помилување не се укинува

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов попладнево преку соопштение, во врска со написи во одредени медиуми дека со одлуката на Уставниот суд се укинува и Комисијата за помилување, информира дека Комисијата не се укинува и е постојано работно тело на Претседателот на Република Македонија.
Комисијата за помилување е формирана во 1991 година врз основа на Одлуката за организација и делокруг на работа на Кабинетот на претседателот на Република Македонија.
- Оттука, Комисијата за помилување постоеше и пред донесувањето на измените на Законот за помилување во 2009 и како и досега и понатаму ќе продолжи да функционира како советодавно тело на Претседателот, се наведува во соопштението.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, истакнуваат од Кабинетот, досега не коментирал и нема да коментира одлуки на Уставниот суд.
- Претседателот Иванов, како и досега, така и во иднина, во извршување на оваа негова уставна ингеренција ќе се води исклучиво според законите, односно одлуките за помилување ќе ги носи согласно постапката и одредбите од Законот за помилување, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
