Кабинет на Орбан: Мигрантите ја направија Виена валкан град
Јанош Лазар, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, на својот Фејсбук профил објави видео на кое тој се наоѓа во дистрикт на Виена, за кој вели дека станал повалкан, посироомашен и со поголема стапка на криминал од кога таму живеат мигранти.
На снимката Лазар вели дека за 20 години и унгарската престолнина Будимпешта би можела да изгледа како таа неименувана населба Виена, доколку опозициските партии „ги пуштат внатре мигрантите“.
- Работиме на тоа да го спречиме тој феномен, вели Лазар.
Тој тврди дека во тој виенски дистрикт од „белци и христијани“ останале само пензионери, додека „сите други се мигранти“. Воедно, тој тврди дека во квартот нема деца на белци.
Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 8 април, а во центарот на кампањата на антоимиграциската партија „Фидес“ на Орбан се токму мигрантите.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО