Кацин: Хрватска е на црвена листа, но со посебен статус
Портпаролот на словенечката влада Јелко Кацин изјави дека Хрватска е на црвената листа на Словенија, во контекст на коронавирусот, но дека ќе има посебен статус, како да е на жолтата листа.
– Хрватска е црвена, но бидејќи е директен сосед на нашата земја, има посебен статус. Затоа е сè договорено во врска со режимот на преминување, значењето на транзитот, дневните миграции на вработените од обете страни на границата, неделните миграции, студенти кои секој ден на секој начин заминуваат и се враќаат на училиште. Сето ова е договорено, всушност, Хрватска има статус како да е на жолта листа, рече Кацин.
Тој потврди дека словенечката Влада размислувала за можноста да стават само одредени региони во Хрватска на црвениот список. – Но, во Хрватска ситуацијата со коронавирусот се влошува толку брзо што едноставно веќе не знам дали има смисла и дали е можно, истакна Кацин.
Ново на Сител
-
Фудбалерите оддадоа почит со победа
-
Томовски: По 150.000 денари итна помош за секој настрадан за првични секојдневни трошоци
-
Шеесетминутен молк во Солун за жртвите од трагедијата во Кочани
-
Русија очекува напредок во преговорите со САД за Украина во понеделник
-
Приведено лице од Делчево поради предизвикување пожар
-
Муцунски: Владата ги покрива сите трошоци за семејствата на пациентите во странство, не треба да се запостави и хуманоста на граѓаните
-
Таравари: Пет пациенти идната недела очекуваме да се вратат во земјава, шест се во критична состојба
-
Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцески, починатиот возач на кочанската Брза помош