Каевски: Фридом Хаус ги потврди успешните политики на Владата за заштита и унапредување на човековите права и слободи
Државата се движи во добар правец и тоа е препознаено и потврдено од меѓународни релевантни организации.
Најновиот извештај на Фридом Хаус, нотира напредок на Република Македонија од три поени во споредба со минатата година.
Генералната оценка на најновиот извештај на Фридом Хаус е дека Владата на повторно избраниот премиер Зоран Заев направила пресврт во однос на повеќе годишното претходно уназадување на демократијата.
Ова, почитувани граѓани е силен и неоспорлив доказ за успешните политики на СДСМ и премиерот Заев, за слободата и демократијата која сега ја живееме.
Во Извештајот е потенциран новиот забележителен напредок на нашата земја, пред се во поглед на изборите, стабилниот напредок во реформите, како и активната вклученост на медиумите и граѓанското општество во интензивниот јавен дискурс.
Забележан е прогрес во поддршката на граѓанското општество со јасна забелешка дека дел од граѓанските организации и натаму укажуваат на притисок врз нивното работење од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Фридом Хаус нотира дека е потребно да продолжи практикувањето на законските можности за зајакнување на независната работа на судиите.
Истовремено, Извештајот констатира дека работата на невладините организации е слободнa и безбеднa со сериозни промени за разлика од периодот до 2017 година, а нотирано е дека расте бројот на критички и независни медиуми особено на онлајн платформите.
Времето кога нашата татковина беше препознаена како заробена и изолирана држава заврши со падот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е потврдено и од меѓунардони реномирани организации.
Како одговорна партија предводник на институциите продолжуваме со креирање и реализација на мерки и политики што значат заштита и унапредување на човековите права и слободи и поголема демократизација на целокупното општество.
Ново на Сител
-

Анкета: Рејтингот на Трамп падна на 32%, најниско ниво досега
-

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Калас ги повика земјите од ЕУ да ја задржат политиката на санкции кон Русија
-

Макрон: Со Трамп имавме многу конструктивен разговор за Црвеното Море и Украина
-

Во Србија почнува исплатата на еднократна помош од 6.000 динари
-

Променливо облачно и ветровито
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
-

Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
