-->
-->
Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите
-->
Бубрезите се витален дел од човечкото тело бидејќи тие се одговорни за чистење на токсините во него. Затоа, стручњаците препорачуваат да се избегнуваат пет специфични намирници за да се одржи нормалната работа на бубрезите.
Премногу сол е штетна за срцето. Иако солта, за разлика од додадениот шеќер, е неопходна за здраво функционирање на организмот бидејќи учествува во повеќе процеси, прекумерното консумирање сол може да го оптовари срцето, поради диуретичното дејство. Се препорачува умерен внос на сол.
И црвеното месо треба да се јаде не повеќе од 2-3 пати неделно. Камењата во бубрезите се една од компликациите кои можат да настанат како резултат на претерување со црвено месо.
Вештачките засладувачи како замена за шеќерот може да доведе до разни компликации, особено за бубрезите. Затоа, најдобро е целосно да се избегнуваат преработени слатки.
Намалувањето на алкохолот е добро и за бубрезите и за црниот дроб. Тоа има бројни придобивки за човечкото тело.
Кафето, иако е еден од најпопуларните напитоци во светот, има и своја темна страна – кофеинот е „отров“ кој се филтрира преку бубрезите. Ако имате семејна историја на бубрежни заболувања, исклучително е битно да избегнувате кафе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?
-
Социјалните работници ги нема во институциите