Каиро изненаден од одлуката на Лондон да ги прекине воздушните врски со Шарм ел Шеик
Каиро е изненаден од одлуката на Велика Британија да ги прекине воздушните врски со Шарм ел Шеик по катастрофата со рускиот авион на Синајскиот Полуостров.
Египетскиот министер за надворешни работи Самех Хасан Шукри го повика денеска Лондон да не донесува избрзани одлуки.
- Во тек е истрага, не е во ред да се избрзува и да се преземаат мерки, кои може да имаат последици, изјави тој за Си-Ен-Ен.
Портпаролот на претседателскиот кабинет во Египет, Ала Јусуф исто така ги повика британските власти да ги почекаат официјалните резултати од истрагата.
- Се надевавме дека ќе ги почекаме официјалните резултати и дека нема да донесуваме непромислени решенија, додаде тој.
Лондон вчера објави дека на неодредено време ги укинува сите летови од Шарм ел шеик до Велика Британија и обратно поради сериозните сомневања на Владата дека падот на рускиот авион во Синај е предизвикан од експлозивна направа.
Ново на Сител
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-
Во буџетот нема пари за субвенционирање на придонесите за минималец од 500 евра, велат експерти
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Само еден тендер за мазут преку компанијата на Капушевски е објавен на електронски систем
-
Собранието изгласа недоверба на 5 члена на Судски
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
ИЈЗ: Загадениот воздух се поврзува со смртта на околу 4000 луѓе годишно во Македонија