Кајакарката Мелова од Демир Капија ќе учествува на ЕП во Чешка
Седумнаесетгодишната кајакарка Олгица Мелова од Демир Капија ќе земе учество на Европско првенство во Будјовице, Чешка, откако претходно настапуваше на светски првенства во Италија и Германија, информираше денеска Дарко Илиевски, тренер на демиркапискиот кану и кајак клуб ,,Просек”.
– Имаме уште многу да работиме. Многу научивме од светските првенства, ги увидовме сопствените грешки и во наредниот период ќе се вложиме себеси и ќе дадеме максимум од своите можности, рече Илиевски за МИА. Тој појасни дека во моментов се спремаат и за претстојните македонски државни првенства.
Течеле и подготовките за отвореното првенство во кајак на дива вода во Демир Капија, што ќе се одржи на 27 август, а на кое ќе учествувале и гости од Србија и Грција. Илиевски нагласи дека демиркапискиот клуб е со долга традиција и бројни награди низ годините, а ја има поддршката од локалната самоуправа и општествената заедница. Европското првенство во Чешка ќе се одржи од 10 до 14 август. Мелова ќе се натпреварува во дисциплината К1 слалом за жени на 11 август.
Ново на Сител
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот