Како скандалот со Фолксваген се заканува на репутацијата за „германскиот инженеринг“
Повеќе од дизелот или безоловниот безнин, два збора го движи секое Бе-Ем-Ве, Мерцедес или Фолксваген продадено низ светот: „Германски инженеринг“. Тие два збора се ветување за карактеристиките и безбедноста кое се двојна гаранција на најважната европска економија, а потрошувачите сега се прашуваат дали се тоа навистина она што беа и претходно?
Големиот скандал со емисиите на издувни гасови во Фолксваген - инженерски трик од најзлобен вид, каде автомобилите се наштелувани да ги мамат тестовите за загадување на околината - досега ја чинеше компанијата оставка на највисокиот управен орган. Тоа ги разлути потрошувачите и ја урна цената на акциите на компанијата. Аналитичарите предупредуваат дека последиците можат да ја чинат целата германска економија, а и кревката еврозона заедно со неа.
- Ова зацрни една огромна, иконска компанија, и ќе биде потребен долг и бавен процес за оваа компанија да се опорави, вели Карен Бренер, професор по бизнис, која е извршен директор по право и бизнис иницијативи на Универзитетот на Њујорк. „Штетата е само почеток на разврската“.
Томас Доналдсон, професор на студии за право и бизнис етика на Вортон Скул при Универзитетот во Пенсилванија, вели дека скандалот има малку историски паралели: „Досега не сум видел корпоративен Вотергејт од ваков обем“.
Економските прогнози низ светот предупредуваат дека штетата може да се прошири и надвор од Фолксваген. Тие забележуаат дека листата на возила опремени со направи за мамење има и во луксузниот бренд Ауди 3, и изразуваат зариженост дали и други потрошувачи низ светот ќе се оддалечат од германските производители на автомобили. Тоа ќе стави уште еден клин во економијата на земјата на која и треба здрава автоиндустрија за да просперира. Фолксваген самиот придонесува со 1,5 проценти во вкупниот број на вработени во Германија.
- Додека германската економија ја порази Грција, еврокризата и кинеското забавување, сега може да се соочи и со најголемиот ризик од пад за подолго време, напиша во својата анализа Карстен Брзески, економист во инвестициската банка ИНГ. „Иронија во сето ова е што заканата сега доаѓа од внатре, наместо од надвор“.
Потрошувачите и аналитичарите велат дека заканата е посебно голема затоа што Фолксваген, за разлика од другите автопроизводители кои масовно повлекуваа автомобили во последниве години заради безбедносни проблеми, призна дека намерно ги мамела законите и потрошувачите. Компанијата потенцијално се соочува со милијарди долари казни од владата заради своите дела покрај можноста за криминални обвиненија.
Минатата недела од Фолксваген рекоа дека 11 милиони нивни возила низ целиот свет, меѓу кои и околу 500.000 во САД, биле штелувани да поминат на тестови за емисии на гасови, дури и кога испуштале нитроген оксид 40 пати над федералните стандарди. Нивниот извршен директор, Мартин Винтеркорн, во средата даде оставка додека растеше целиот скандал.
- Шокиран сум од случувањата во последниве неколку дена. Над се, вџашен сум што е можно мамење од волкав обем во Фолксваген групацијата“, рече Винтеркорн во изјава.
Последиците за компанијата - а можно е и за домашната економија - растат.
Акциите на Фолксваген нагло паднаа минатиот петок, кога Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА) објави дека „измамничната направа“ била инсталирана во околу 482.000 возила во САД, во повеќе модели од 2009 до 2015 година. Компанијата сега се соочува со казна од 18 милијади долари од ЕПА, и од истрага од Министерството за правда.
Владини претставници во Германија и во други делови од Европа започнаа слични истраги. Од Фолксваген на почетокот на минатата недела рекоа дека вложиле седум милијарди долари за решавање на проблемот со нивните автомобили, и дека започнала да ја поправа репутацијата кај своите муштерии.
Од организацијата за заштита на потрошувачите УС Пирг, велат дека компанијата би требало да понуди целосен поврат на пари за секој оној кој купил нивен автомобил во кој е инсталирана направа за мамење. Дури и ако Фолскваген ги „поправи“ возилата да испуштаат помалку гасови, автомобилите нема да ги имаат карактеристиките како што биле рекламирани, вели Ед Миержвинкси, директор за програмата за потрошувачи во Ус Пирг.
- Штетата е толку голема, измамата е толку голема, па како ќе ги задоволите потрошувачите во целина без да им го откупите возилото?, рече Миержвинкси.
Скандалот го сруши зелениот имиџ на Фолксваген, заедно со репутацијата за изработката која им помогна на германските автопроизводители да освојат огромен дел од пазарот во САД, Европа и во многу брозрастечки азиски автопазари.
Оваа репутација беше зацементирана со рекламата на Фолксваген за Суперкупот 2014, на која татко и кажува на ќерка му нешто во стилот на „Животот е убав“, дека секој пат кога возило на Фолксваген ќе измине 100.000 милји, германски инженер си ги добива заслужените крилја.
Фолксваген ја надмина јапонската Тојота годинава и стана најголем автопрозводител на светот. Германскиот автопроизводител произведува скоро половина од автомобилите кои секоја година се продаваат во Западна Европа, и освоија голем дел од авто пазарот во САД во изминатата деценија, велат од Дојче банк. Во еден неодамнешен извештај за промоција на трговијата на германската влада, се тврди дека скоро осум од 10 „премиум“ автомобли во светот се произведени од германски компании.
Правењето „атрактивни и пријателски за околината “ автомобили беше клуч за нивниот раст и способноста да ги омекнат економските проблеми, напишаа од Фолксваген во својот годишен извештај.
Таа привлечност испари за многу потрошувачи. Привлечени од ветувањето за автомобил пријател на животната средина, тие сега се плашат дека затемнетата репутација на автомобилите ќе влијае на вредноста при нивна продажбата на старо.
- Оставката на извршниот директор, тоа ништо не ми значи. Сакам да знам што сега навистина ќе прават со сите оние искрени сопственици на автомобили со чист дизел, рече 34-годишната Криста Мрган од Портленд, Орегон. Морган купила џета спортвагон 2011 затоа што и ветиле ниска емисија на гасови и доволно простор за нејзините две деца. Таа неделава планинра да купи карго велосипед. „Не го сакам овој автомобил. Ми се лоши кога ќе се сетам дека сум го возела овој автомобил скоро четири ипол години, и сум ги испуштила сите тие отровни гасови во атмосферата“.
Опоравувањето на довербата може да биде долг процес. Откако некои ауди автомобили почнаа самите да забрзуваат без контрола во 80-ите, требаше цела деценија нивната продажба во САД пак да се опорави, напишаа од Дојче банк во анализа објавена во средата.
- Тогаш Ауди настрада од масовно губење на репутацијата, а таму дури и не стануваше збор за мамење, стои во анализата.
Враќањето на довербата ќе биде посебено тешко во автоиндустријата, затоа што купувачите на автомобили внимателно прават истражувања за кој автомобил да се одлучат, а американците ги гледаат своите автомобили како дел од самите нив, вели Трина Хамилтон, професор на Универзитетот во Бафало која ја проучува корпоративната одговорност.
- Без разлика дали возите Приус, Хамер или Фолксваген, правите еден вид проценка, колку и да е таа стереотипна, за самите луѓе, рече Хамилтон која вози џета спортвагон 2013. „Ако го купите автомобилот како сигнал за вашата еколошка заложба, таа сега исчезна. Сега сум малку сомнителна кога го возам“.
Повлекувања од голем обем во изминативе години им предизвика големи проблеми на автопроизводителите. Џенерал моторс месецов се согласи да и плати на владата 900 милиони долари казна за да сопре криминална истрага како компанијата се справила со копчињата за стартување на моторот, кои предизвикаа фатални несреќи, и беше присилена да повлече 2,6 милиони автомобили.
А единаесет автопроизводители беа принудени да повлечат десетици милиони автомобили и камиони заради неисправи воздушни перничиња кои ги проиведува Таката, што е најголемо повлекување на автомобили во американската историја.
- Она што ги двои Фолксваген од овие случаи е намерата, вели Миержвинкси. „Џенерал Моторс имаа автомобил кој е дефектен. Фолксваген ги прави автомобилите дефектни со цел“, рече тој.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно