Македонија
2. February 2025 - 16:42

Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот

Управата на затворот истражува, а обвинителството ги чека имињата на полицајците кои му овозможиле на возачот што ја прегази Фросина да добие мобилен телефон во ќелијата.. Според првичните сознанија, телефонот го обезбедил друг притвореник, а внесувањето одело преку неговиот брат.. Мобилниот бил сокриен во кутија наполитанки.. До ќелијата на Васил пристигнал со изговор дека лице сместено со него има гликемиски шок па има итна потреба од шеќер.. За услугата платил член на фамилијата на Васил.. 

„Затворскиот чувар не се посомневал бидејќи добро бил спакуван тој кондиторски производ и вика, еве има проблеми со шеќерот, ќе ве молам командире однесете му во таа соба бидејќи бараат. Потоа тоа лице го отвара телефонот, се јавува кај член на фамилијата и носи одредан сума на пари до братот на тој што го испорачал телефонот“, изјави Бобан Утковски, Директорт на КПУ Затвор – Скопје.  

Од Затворот велат дека телефонот е веднаш одземен, а без мобилен останал и затвореникот кој го фотографила Васил.. Информирани  се судиите кои им одредиле притвор.. Се истражува и вмешаноста на затвориските полицајци.. Нивните имиња ги очекува Јавното обвинителство.. 

„Специјализираното одделение за гонење на кривичи дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги следи информациите во врска со случувањата во Затворот Скопје и по добивање на идентитетот на инволвираните лица ќе постапи во рамките на своите надлежности за што јавноста ќе биде навремено информирана“, велат од ОЈО ГОКК.

Од Управата за извршување на санкции најавија строги казни за корумпираните затворски полицајци.. 

„Лицата кои ги кршат прописите и предизвикуваат оправдан бес и гнев меѓу семејството на убиената Кулакова, но и целата јавност, ќе бидат најстрото санкционирани“, напиша на Фејсбук, Директорот Александар Пандов.

Семејството на Фросина јавно се заблагодари за рекацијата на институциите.. Таткото на девојката напиша дека му се враќа довербата во државата, судскиот епилог и казните кои ќе ги добијат злосторните ќе бидат адекватни..