Бизнис
18. February 2024 - 20:44

Каква е заработката на оризопроизводителите?

Од килограм продадена арпа, оризопроизводителите од кочанско тврдат дека за нив остануваат само 3 до 4 денари. Тоа според нив е далеку од рентабилно, зашто арпата се откупува по цена која е скоро идентична со производната, а се шират информации дека и натаму ќе се намалува.

- Цената на оризовата арпа, според последното изјаснување на Институтот за ориз, заедно со факултетот во Скопје, е направена производна цена од 34 денари. Сега откупот е 37 – 38 денари за килограм, во зависност од рандаманот. Рандаманот е катастрофален и немаме сметка повеќе да го работиме, зашто работиме за три до четири денари- изјави Тони Максимов, ориспороизводител од Облешево.

Причина за падот на цената дури и под производната е неконтролираниот увоз на ориз, чиј квалитет според нив е сомнителен и го руши домашниот бренд.

- Не знаме за неговиот квалитет, не знаеме од каде е увезен, меѓутоа пазарот си го прави своето и ја намалува цената на квалитетниот кочански ориз. За жал и тој што е увезен се води како бренд на кочански ориз- додаде Максимов.

Во однос на субвенциите, оризарите од кочанско велат дека за 2023 година исплатен им е само аванс од 30%. За 2024-та немаат добиено ниту денар, зашто аплицирањето за субвенции за тековната година е на почетокот на месец мај. На кооординативен соостанок, ќе одлучат за протестот кој го најавуваат сите земјоделци на ниво на државата.