Калеска-Ванчева: Приоритет на парламентарното мнозинство реформите во правосудството

Почитувани граѓани, почитувани медиуми
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува со спроведување на реформите што значат отворање на вратите на Европската унија за Република Северна Македонија.
Реформите во правосудството, владеењето на правото и унапредувањето на правата на граѓаните, се наш врвен приоритет.
На вчерашната седница, со двотретинско мнозинство беше усвоен пакетот реформски закони – Законот за прекршоци, Законот за управни спорови и измените на Законот за судови , кои значат усогласување со европското законодавство, но и овозможуваат значително олеснување на казнената политика што е во интерес на граѓаните.
Казните за физички лица ќе изнесуваат од 15 до максимални 250 евра, наместо досегашните максимални 1.000 евра.
Минималната глоба за малите фирми според новиот закон ќе биде 50 евра, а максималната 2.000 евра што е намалување за два и пол пати во споредба со стариот закон кога максималната глоба изнесуваше 5.000 евра.
Истовремено, овозможуваме и можност за изрекување опомена доколку прекршокот е сторен по прв пат и не нанесол штета врз јавниот интерес.
Законот за судови, кој доби позитивно мислење од Венецијанската комисија, овозможува спроведување на судските реформи кои беа најавени и кои се дел од Стратегијата за реформи на правосудниот сектор.
Со новиот Закон за управни спорови се прецизира постапката пред Управниот суд, се зголемува транспарентноста и јавноста на постапките во управниот спор преку задолжителноста на јавна расправа во постапката.
На тој начин овозможуваме ефикасна правна заштита за граѓаните во управниот спор.
Почитувани,
СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи останува целосно посветена на реформите што ја водат државата напред и го олеснуваат животот на граѓаните.
Ново на Сител
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
-

Повеќе од 700.000 домови без струја поради снежно невреме во САД
-

Mалолетник со возило удрил во друго возило и пешак кој се бори за живот
-

ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра
-

Премиерот Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот
-

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен
-

Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки
