Каматите пониски и на кредитите и на депозитите во февруари
Просечната каматна стапка на кредитите во февруари бележи минимален пад од 0,01 процентен поен и изнесува 4,61 отсто, додека на годишно основа е намалена за 0,03 процентни поенти, покажуваат податоците на Народната банка.
Податоците покажуваат дека намалување има и кај просечната каматна стапка на депозитите и тоа на меечно ниво од 0,01 процентен поен и изнесува 0,92 отсто, додека на годишно нниво пониска е за 0,27 процентни поени.
Просечната каматна стапка кај новоодобрените кредити е 4,25 отсто со забележан пад од 0,27 процентни поенти на месечна основа и на годишна е намалена за 0,08 процентни поенти. Кај новопримените депозити каматната стапка е 0,71 отсто и е повисока за 0,09 процентни поенти на месечно ниво, но на годишна основа бележи пад од 0,27 процентни поенти.
Кај корпоративниот сектор просечната каматна стапка во февруари изнесувала 3,70 отсто, на новоодборените каматната стапа е 3,76 отсто и бележи месечен раст од 0,16 процентни поени.
Депозитите на корпоративниот сектор имале каматна стапка од 1,20 отсто со месечен пад од 0,02 процентни поени.
Во секторот домаќинства каматната стапка на кредитите изнесува 5,43 отсто со забележан пад на месечно ниво за 0,02 процентни поени, додека кај депозитите во февруари изнесува 0,88 отсто и е минимално намалена за 0,01 процентен поен.
Ново на Сител
-

Вашингтон и Сакраменто му понудија договор на Вестбрук пред неговото пензионирање
-

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Ласкарци - три лица се повредени
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
