„Каменичко културно лето“ за првпат доби финансиска поддршка од Министерството за култура
Општина Македонска Каменица доби 800 илјади денари за организирање манифестации од областа на културата што е прва финансиска поддршка од Министерството за култура на РМ. Согласно финалните резултати од годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2020 година, средствата ќе бидат наменети за организирање на манифестацијата „Каменичко културно лето“.
Од Општината велат дека ова е значајна поддршка за „Каменичко културно лето“, како најголем проект кој општина Македонска Каменица го реализира во областа на културата.
– Вредно за напомена е дека, иако „Каменичко културно лето“ опстојува повеќе години наназад, оваа година за првпат добива поддршка од Министерството за култура. Со ова општина Македонска Каменица преку постојаните вложувања во културата, многубројните културни настани организирани од Културно-информативниот центар „Романса“ и поддршката од Министерството за култура прераснува во најголем културен центар на Истокот, велат од Општината.
Додаваат дека поддршката е оправдана ако се има предвид дека се работи за издржан и добро аргументирани проект, конципиран со квалитетни уметнички содржини, кој поттикнува културен диверзитет, уметничко творештво и културен развој.
Освен „Каменичко културно лето“, по пауза од една година, значајна финансиска поддршка од Министертвото за култура доби и фестивалот „Тру саунд оф Каменица“ („True Sound of Kamenica“). За организирање на овој настан, организаторите добија финансиска поддршка од 400 илјади денари.
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време