Камери од домот на Манев ја открија поврзаноста на обвинетите за убиствата на Вања и Панче
Камерите од домот на Велибор Манев ја открија поврзаноста на четворицата обвинети за убиствата на Вања и Панче. Ден пред убиството на 74 годишниот велешанец, Палевски и Кешишев доаѓаат со реното на партијата Десна во домот на Манев, а со својата кола таму пристигнува и Видевски. Еден час пред полноќ, снимките покажуваат дека сите черворица со капин на главата, опремени со слишалки и микрофони за мотороли се упатуваат кон домот на Жежовски. Пред тргнувањето, Кешишев се прекрстува. Се враќаат за половина час колку што им треба и време да појдат и се вратат до куќата на Панче. Утрината, на 22 кога му го одземаат автомобилот и го грабнуваат, од домот на Манев тргнуваат во 6:30. Со реното се враќаат само Манев и Видевски.
Според снимките презентирани во судницата, на 24 ноември за кога обвинителството тврди дека бил првиот неуспешен обод за грабнување на Вања, уште рано наутро двајцата велешани Боре и Велибор со реното тргнуваат од Велес. Двајцата се враќаат со возилото околу 10 часот. Од него вадат две лопати, а диплат и темно сина вреќа за спиење.
Следниот ден, истото возило според обвинителството се упатува кон Скопје и повеќе не го регистрираат безбедносните камери. Реното го управува Боре, а Велибор својот мерцедес. Камерите од домот на Манев снимале и на кога е грабната и убиена Вања.
"27.11.2023 во 13:00 се гледа како Велибор со мерцедес доаѓа пред својот дом и влегува во дворот. Се забележува дека Велибор го носи истиот џемпер на кој прерходно беше забележан од камерите на безбеден град како совозач на реното. Практично ова е времето откога во Скопје е извршено грабнувањето и убиството на Вања на 27.11.2203 година", истакна обвинителството.
Одбраната пак тврди дека снимките не се доволен доказ. Не се забележубало дека лицата се тие кои седат на обвинителната клупа.
Судењето продолжува во среда со сведоци на обвинетиот палевски. На следните рочишта ќе се испитуваат и петтемина обвинети за убиствата на вања и панче од крајот на 2023 година.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар