Камерниот оркестар од Битола одржа концерт во Кавадарци
Камерниот оркестар од Битола синоќа одржа концерт во Домот на културата „Иван Мазов Климе” во Кавадарци. На репертоарот беа познати поп-рок композиции од седумдесетите, осумдесетите и деведесетите години на минатиот век.
Настанот беше од мултимедијален карактер и е дел од “Топлиот културен бран“ во организација на културниот дом, Локална самоуправа Кавадарци и Министерство за култура на Република Македонија.
Станува збор за музичка турнеја на камерниот оркестар, со проектот „Рок симфони“, со незаборавни рок хитови од „Квин“, „Ди парпл“, „Лед цепелин“ и други незаборавни рок мајстори..
- Ова ќе биде, се надеваме, нашиот најуспешен проект на кој учествуваат над 25 учесници, рече Владимир Димовски, координатор на оркестарот.
Владимир Темков, директор на домот на културата, нагласи дека ова е еден од првите големи културни случувања во рамки на „Топлиот културен бран“ во Кавадарци, а ќе следуваат уште неколку значајни настани кои го заслужуваат вниманието на јавноста.
Во Кавадарци следуваат големи културни случувања, најави и кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.
- Тука се џез фестивалот и ликовната колонија, па големите настани од културата кои ги подготвуваме за време на “Тиквешки гроздобер 2016” година и за 7-ми Септември, денот на ослободувањето на Кавадарци, изјави Панов.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица