Камерон ја претстави стратегијата за борба против тероризмот

Британскиот премиер Дејвид Камерон претстави денеска нова стратегија за борба против екстремизмот.
Страгегијата е конципирана така што првенствено се спротивставува на идеологијата која ја промовира Исламска држава, Ал каеда и други исламисти, за кои властите велат дека можат да ги поведат младите Британци на патот кон насилството.
Меѓу предлозите е да се забрани група екстремисти кои промовираат омраза, да се затворат местата каде тие би можеле да се собираат, вклучувајќи ги и џамиите, а регулаторното тело Офком ќе добие овластување да проверува екстремистички материјали на тв и во радио станиците.
Камерон соопшти денеска дека владата одлучила да се направи детална контрола на состојбите во јавниот сектор, за да се открие евентуалното инфилтрирање на екстремизмот на Исламска држава.
Контролата ќе треба да утврди дали јавниот сектор, а посебно здравствениот и образовниот систем, се заштитени од напливот на радикализам.
Одлуката на владата во Лондон доаѓа по случајот во Бирмингем, порано оваа година, кога се откри дека исламскиот екстремизам се обидувал да преземе повеќе училишта во поширокиот реон на овој, втор по големина британски град, за да се изврши радикализација на децата.
Според премиерот Камерон, одбраната од екстремизот не е работа само на владата, ниту државата самата може да ја разреши таквата ситуација, па затоа тој порача дека е потребно учеството на сите структури во Велика Британија, вклучувајќи ги и верските заедници.
„Спротивставувањето на екстремистичкиот ислам не е насочено против исламската религија, или против верниците-муслимани„- рече денеска Камерон.
Тој притоа апелираше за заедничка работа во настојувањето да се изолира екстремизмот и да се спречи екстремистите да прават делби меѓу британските муслимани и сите другите кои живеат во земјата.
Премиерот Дејвид Камерон го повика т.н. „тивко мнозинство„ кај муслиманите да се дигне против екстремизмот во нивната верска заедница.
Ново на Сител
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
-

Идните амбасадори во Украина, Данска и Албанија ги презентираа приоритетите пред пратениците
-

Владата ги информира НАТО и ЕУ за студентските протести, СДСМ со контраобвинувања
-

Наместо расправа за заштита на жените од семејно насилство, во фокус законот за употреба на јазиците
-

ДЗР: Скринингот не е ефикасен - многу пациентки доцна дознаваат дека имаат рак
-

Забранета водата за пиење во осум охридски села
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
