Камерон: Не е постигнат договор со ЕУ околу британските барања
Британскиот премиер Дејвид Камерон, кој се наоѓа во посета на Полска, денеска потврди дека засега не е постигнат договор со земјите на ЕУ, околу британските барања за реформирање на Унијата, а посебно за ограничувањето во движењето на работната сила.
По средбата со полскиот премиер Беата Шидло, Камерон рече дека од Полска „не добил согласност“ за социјалните бенифиции, кои Владата во Лондон сака да го ограничи за мигрантите од ЕУ.
Шидло од своја страна рече дека Полска сака Велика Британија и натаму да остане членка на Унијата.
Полската премиерка вети дека разговорите со Велика Британија ќе продолжат во текот на јануари за, како што рече, изнаоѓањето компромисно решение.
Камерон признава дека лимитирањето на мигрантите од ЕУ во Велика Британија, преку рестрикцијата на правото за користење на социјалните бенифиции за оние кои сега доаѓаат и ќе пристигнуваат во иднина, е тешка цел на Владата во Лондон.
- Сепак, ова прашање за нас е од клучно значење во процесот на новите преговори меѓу Бритаиија и ЕУ, рече Дејвид Камерон.
Неговата потврда дека се уште нема договор со земјите на Унијата за британските барања, доаѓа по критиките во дел од лондонските медиуми за „нереално премногу оптимистичкото уверување“ на официјален Лондон дека целата работа со Брисел ќе се заврши до крајот на оваа година,
На Самитот на ЕУ идната недела, за кога британската Влада тврдеше дека ќе може да обезбеди подршка кај земјите-членки, нема да има никаков договор и прашање е дали ќе се расправа за британските барања.
Реакцијата на полската премиерка Шидло не е никакво изненадување, затоа што Варшава и досега беше остро против промените кои ги бараат Британците, затоа што на нив гледа како на промена на фундаменталните принципи врз кои е создадена и се одржува Унијата.
Полска, како и другите источноевропски земји, не се согласуваат со британските барања, затоа што се уверени дека тие се насочени пред се против нивните државјани.
Оваа земја, заедно со уште девет други, во ЕУ членува од мај 2004 година. Веднаш потоа, Полска ја напуштија неколку милиони Полјаци, кои заминаа во богатите членки на ЕУ на Западот, во потрага по работа, но и по повисок стандард.
Околу еден милион од нив заминаа во Велика Британија, каде поголемиот дел останаа да живеат заедно со своите семејства.
Напливот на овие мигранти предизвика значителен раст на имиграцијата, па Лондон одлучи да воведе седумгодишно ограничување за следните две членки на ЕУ - Бугарија и Романија - кое истече на 1 јануари годинава, но и за сите другите идни помалку развиените европски држави-членки.
Новата Влада на конзервативците на Дејвид Камерон ги обвини дојденците од Унијата дека доаѓаат во Велика Британија не толку за да бараат работа, колку за да ги користат големите социјални бенифиции, на кои имаат како државјани на ЕУ и побара рестрикции за европските мигранти.
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина