Живот
18. September 2018 - 13:39

Камила повреди шест деца во циркус: Исплашеното животно почна да бега и да влече девојче, настана општа паника

Исплашена камила повреди шест деца и едно возрасно лице кога на нејзините нозе едно дете фрли лопата, додека исплашените посетители на циркусот ја напуштија арената во Питсбург.

Две деца и едно возрасно лице ја јавале камилата во ППГ Пејнтс арената во паузата од програмата кога се случил инцидентот, пренесе АП.

Властите соопштија дека на едно дете му е скршена раката, додека останатие шест имале полесни повреди. Инцидентот се случил во 15.30 часот додека луѓето купувале карти за јавање на камилите, поните и слоновите кои ги воделе дресери.

Рути Кестер која била во циркусот во тоа време изјави дека едно дете фрлило лопата врз нозете на камилата.

„Посетителите ги јаваа камилите и тие мирно одеа, а потоа едно дете фрли лопата врз нозете на камилата и таа почна да се рита“, изјави Кестер.

Камилата е ставена под контрола во рок од неколку секунди и циркусот продолжил со програмата без никакви проблеми.

Животното притоа не е повредено, соопштија од циркусот.