Каминис и Шилегов ќе потпишат спогодба за соработка во Скопје
Во четврток и петок, градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис ќе го посети Скопје и со скопскиот градоначалник Петре Шилегов ќе потпишат спогодба за соработка меѓу двата главни градови, соопштуваат од општина Атина.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, станува збор за возвратна посета, откако скопскиот и атинскиот градоначалник се сретнаа во Атина на почетокот на февруари.
Веднаш по средбата на Каминис и Шилегов, атинскиот градоначалник во интервју за МИА го најави потпишувањето на меморандумот за соработка при посетата на Скопје.
Тогаш, Каминис рече дека со Шилегов, ги поврзува и нивната политичка ориентација, и двајцата се социјалдемократи, но најважно од сѐ е волјата за соработка.
- Време е подобро да се запознаеме беше порака што атинскиот градоначалник, преку интервјуто за МИА, ја испрати до македонските граѓани по средбата со неговиот колега од град Скопје.
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа