-->
-->
Кампања „Топол дом без пожари“ во Општина Илинден
-->
Во соработка со Противпожарниот сојуз на градот Скопје, Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“ во сите 12 населени места на Општина Илинден ја почна кампањата „Топол дом без пожари“.
Членовите на секцијата „Млади пожарникари“ од основните училишта, на граѓаните во Општината им делеа флаери со совети за тоа како треба да се однесуваат за време на грејната сезона за да не дојде до појава на пожари.
Во рамките на кампањата младите пожарникари посетија и повеќе домаќинства при што во директен контакт со граѓаните укажаа на опасностите што демнат при несоодветната употреба на енергенсите што се користат за греење. Притоа, тие делеа и совети за тоа што треба најнапред да се направи доколку дојде до било какви несакани случувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп
-
Како изборите во Германија ќе влијаат на односните Скопје-Берлин?
-
Без напредок заврши уште една средба на македонските и бугарските историчари
-
СДСМ бара одговорност за најавите за вработувања во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ демантира
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените
-
Работна група од влада ќе ги „чешла“ деталите од бугарскиот предлог за железничкиот тунел
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести