Кампања за поголема безбедност на децата во сообраќајот
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со почетокот на учебната година почнува нова едукативна кампања наменета за децата и родителите.
Кампањата ќе се реализира под мотото „Ѕвони за час! Возете внимателно, дечињата тргнаа на училиште“ и целта е да се зголеми безбедноста на најмладите учесници во сообраќајот и да се заштитат децата од повреди и загуби во сообраќајот.
Од РСБСП препорачуваат возачите кога ќе видат знак „училиште“ задолжително да ја намалат брзината, да бидат внимателни на пешачки премин, во близина на училиште или градинка внимателно да го паркираат возилото и секогаш кога возат деца, да користат детско седиште или безбедносен појас. Покрај ова се препорачува секој родител да го информира своето дете со основните правила и прописи во сообраќајот.
Статистичките податоци покажуваат дека во 2015 година, 17 деца на возраст до 14 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а во 2016 година оваа бројка изнесува 5.
Ново на Сител
-
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем
-
Пет закони ќе се менуваат за квалитетно да профункционира „Безбеден град“
-
Просечната нето-плата во декември 43 587 денари
-
Тошковски: Јасен е ставот на Владата за разрешувањето на Коцевски
-
Приведени 20-годишник и малолетник од тетовско, пронајдена марихуана и нож во нивното возило
-
Бегалец од затвор при преглед на неговото возило приложил фалсификувани бугарски документи за идентификација
-
Кешишев се прекрстува и се упатуваат кон Велес, снимки презентирани на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет