Кампањата на Трамп поднесе жалба против Харис поради средствата за реизбор на Бајден

Кампањата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп синоќа поднесе жалба до Федералната изборна комисија, тврдејќи дека потпретседателката на САД, Камала Харис не може легално да бара средства собрани од кампањата за реизбор на претседателот Џо Бајден.
Претседателот на САД, Џо Бајден, 81-годишен демократ, кој беше во тесна трка со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп, ја поддржа Харис откога во неделата објави дека нема да се кандидира за втор претседателски мандат. Харис ја презеде контролата врз сметките за кампањата на Бајден и ги доби ветувањата на мнозинството делегати кои ќе го одредат претседателскиот кандидат на партиската конвенција следниот месец, соопшти нејзината кампања.
Борбата за банкарската сметка, на која имаше приближно 95 милиони долари на крајот на јуни, е дел од повеќекратните напори на републиканците да ја спречат Харис да стане лидер на демократската листа, јавија американски медиуми.
Кампањата на Трамп тврди дека Харис извршила „безобразна проневера“, се вели во пријавата на Дејвид Ворингтон, генералниот советник на кампањата. Во поднесокот, Ворингтон наведува дека Харис е во процес на извршување на, како што тврди, „најголемото прекршување на финансирањето на кампањата во американската историја“.
Кампањата на Камала Харис соопшти дека собрала 100 милиони долари од неделата. Нејзината кампања ја отфрли жалбата на Федералната изборна комисија.
Ново на Сител
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
