Кампањата на Трамп се дистанцираше од адвокатката Синди Пауел
Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека се дистанцира од Сидни Пауел, адвокатката која минатата недела во име на неговиот тим изјави дека биле украдени неколку милиони гласови за време на претседателските избори од 3 ноември.
„ Сидни Пауел го спроведува законот на своја рака. Таа не е член на правниот тим на Трамп. Исто така, таа не е адвокат на Трамп од негово лично име“, изјавија правните застапници на Трамп, Руди Џулијани и Џeна Елис во заедничка изјава, пренесена од британските медиуми.
Изјавата на Џулијани и Елис следи еден ден откако федералниот суд во Пенсилванија го одби барањето на тимот на Трамп за оспорување на победата на демократскиот претседателски кандидат Џозеф Бајден.
Пауел, минатата недела, без да презентира никакви докази, кажа дека се украдени неколку милиони гласови од системот за електронско гласање за републиканскиот кандидат Трамп.
-Се беше организирано и спроведено со помош на луѓе од Силиконската долина, големи технолошки компании, компании за социјални медиуми, па дури и медиумски компании, рече Пауел, поранешна федерална обвинителка и адвокат на поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Мајкл Флин.
Ново на Сител
-
Скопје меѓу десетте најзагадените градови во светот
-
Утрово најстудено во Берово, измерени -6 степени
-
Во вооружен напад во бар во Мексико 10 убиени и седум повредени лица
-
Претерување со шеќер и сол е штетно по здравјето
-
Стојановски освои сребро на Европското првенство во таеквондо за кадети
-
Македонските ракометари и гостуваат на Литванија
-
Путин го потпиша законот за взаемна одбрана со Северна Кореја во случај на воен напад
-
Трамп: Хејли и Помпео нема да бидат дел од новата администрација