Кампањата на Трамп во јули била двојно поевтина од онаа на Клинтон

Минатиот месец Доналд Трамп двојно ги зголемил трошоците за неговата кампања, но и на тој начин потрошил далеку помалку пари од Хилари Клинтон, пренесуваат американските медиуми.
Новите финансиски документи покажуваат дека кампањата на републиканскиот претседателски кандидат во јули потрошила околу 18,5 милиони долари. Како споредба, демократската кандидатка за Белата куќа потрошила 38 милиони долари.
Трамп и натаму ги зголемува своите трошоци, вложувајќи овој месец пет милиони долари во своите први телевизиски предизборни спотови. Клинтон со месеци наназад ги користи го користи овој вид на предизборно рекламирање.
Бизнисменот од Њујорк на својата кампања во јули и даде нови два милиона долари. Тој презеде обврска да учествува во напорите за собирање средства, дополнувајќи ги сумите што му ги обезбедуваат малите донатори.
Неговата капања во целина во јули собрала 37 милиони долари, а таа на Клинтон дури 52 милиони долари, посочуваат американските медиуми.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
